Прошетала бела була
низ Битола крај Драгора,
променета, наружена.
Ја сусретил Ајдук Велко,
Ајдук Велко војводата,
ја сусретил и пољубил.
Ојде була да се жали,
да се жали на цар Горѓи:
— Ај ти царе, цар Ѓорѓија,
јас си шетав низ Битола,
низ Битола крај Драгора,
ме сусрете Ајдук Велко,
Ајдук Велко војводата,
ме сусрете, ме пољуби.
Одговара цар Горѓија:
— Ој ти було, бела було,
и јас да би те сусретил,
и јас би сум те пољубил.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год