БИТОЛЧАНИ БРЕ ГРАЃАНИ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Битолчани бре граѓани,
слушајте ме што ќе кажам;
Јас ќе кажам нешто ново:
Ќе се мажам Отешево,
Отешево нова мода,
со магаре носат вода,
а Лескоец уш’ поново:
Co букрија носат вода;
А за Стење нема што да кажам,
без пари риба не ти даваат.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год