Ајде, болно лежи мојто либе,
болно лежи на постела;
Ни умира, ни станува,
ни на бога душа дава.
Ајде, ни на бога душа дава,
ни на мене изим дава
друго либе поубаво,
поубаво, покалешо.
— Ајде, стани, либе, да не станиш,
ќе одиме во Битола,
ќе одиме во Битола,
ќе пијаме пресна бира,
со музика ќе ни свират.
Ајде, со музика ќе ни свират,
ние двајца ќе играме
на налани шиклосани!”
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год