ВАСИЛИЦЕ МЛАДА НЕВЕСТО – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Василице млада невесто,
што кротко одиш на вода?
Дали ти тежат стомните,
дали ти тежи ѓерданот,
или ти тежи стреброто?
— Нито ми тежат стомните,
нито ми тежит ѓерданот,
нито ми тежит стреброто,
туку ми тежит меракот.
Меракот ми е на сарај
во таа пуста Битола,
во таа пуста апцана.
— Василице млада невесто,
ај, да одиме Битола,
Битола, пуста апцана,
да си го видиш меракот!
— Вчера дојдов од Битола,
Битола, пуста апцана
и си го видов меракот:
Co белегзии на раце,
со букагии на нозе,
со дробен синџир на грло.
Ферманот пусти му дојде,
пустиот ферман пишеше:
„Во пусти Стамбол да одит,
во стамболските апцани.”
Меракот ми е осуден на
сто и една година.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год