Викна Јака, се провикна:
„Ај бре вие млади момци,
млади момци битолчани,
отворете дуќаните,
да си купам драм белило,
драм белило, драм црвило.”
Кога Јана се набели,
се набели, се нацрви,
сва Битола се зачуди:
и женето, неженето,
и свршено, не свршено.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год