ВОДА ЛЕКОИТА КАЈ СТРЧИН – Приказни и преданија од Битола

Во град Битола, близу до астаането (или над астаането) имат една вода во местото што се вика Стрчин. Кај таа вода одат битолчани кои се стрескаи, та се мијат за здравје и едни оздравуваат. Секој што ќе се измие, прво ќе си остаи: една стара пара, нишан од алиштата и троа леб, та после ќе се измиет.

Преземено од:ПРЕДАНИЈА, Книга седма
Автор: Марко К. Цепенков
Редактирал д-р КИРИЛ ПЕНУШЛИСКИ
Соработник БЛАЖЕ ПЕТРОВСКИ
Издавачи МАКЕДОНСКА КНИГА ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР
СКОПЈЕ -1980