ГУЛАБ ГУГА НАД СЕЛОНО – Народни песни во кои се спомнува Битола

HomeБитола низ песнитеГУЛАБ ГУГА НАД СЕЛОНО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Гулаб гуга над селоно,
зој, зој, зој, леле:
„Мали моми болни лежат,
зој, зој, зој, леле,
посакале понаидца:
зој, зој, зој, леле,
од Солуна два сомуна,
зој, зој, зој, леле,
од Битола два симида,
зој, зој, зој, леле,
од Тиквеша суво грозје,
зој, зој, зој, леле,
од Охрида пресна риба,
зој, зој, зој, леле,
од Тетово две јаболка,
зој, зој, зој, леле,
ако каснат ќе оздрават,
зој, зој, зој, леле.”
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

Пролетно утро во Битола – 25.03.2019 – Фото галерија

Пролетно утро во Битола Сончевото пролетно утро во месец март го намами нашиот фотограф на прошетка низ Битола. Расцветаните дрвја беа мотив плус, особено магнолиите...

Авто и етно музеј Филип во село Крклино

0
Авто и етно музејот Филип е приватен музеј сместен во село Крклино на само 5 км од Битола.