ДАЈ МИ БОЖЕ ШТО МИ СРЦЕ САКА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Викторија соби Битола

Девојка си бога помолила:

— Дај ми, боже, што ми срце сака!

Срце сака очи соколови,

што гледаат мошне надалеку,

срце сака крилја лебедови,

што летаат многу нависоко,

да си појдам во града Битола,

да си купам игла од биљура,

да сошијам јорган за беќара,

и да купам руво за невеста,

да се вратам, пак да се омажам,

да го земам тоа што го сакам.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

Рекламирање
Previous articleАНДОН И ДЕВОЈЧИЊА – Народни песни во кои се спомнува Битола
Next articleДЕВОЈКИНА МОЛБА – Народни песни во кои се спомнува Битола