Тие две моми, тие две друшки,
на еден ѓерѓеф двете везеле,
на еден разбој двете ткајале,
под еден јорган двете спијале,
едниот залак двете делиле.
Дошло е време да се армасаат,
да се армасаат, да се разделат:
Едната дале во града Велес,
другата дале во град Битола.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год