Димко ми шетат низ таја,
низ таја пуста Битола,
низ битолските чаршии.
Го догледаа анами,
анами млади кадани?
— He оди, Димко, не шетај
низ битолските чаршии,
тук’ дојди у нас на гости
да пиеш љута ракија,
да јадиш мезе — кокошки,
да љубиш млади анами,
анами млади кадани!
Димко им велит говорит:
— Анами бели кадани,
не земајте ме на душа!
Ќа чует ваши Јуруци,
ќа мене младо погубат!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год