— Ела, Тасо, ела, ќерко,
ела да си вечераме,
аман, аман, вечераме!
— Вечерајте, мила мамо,
мене не чекајте,
не чекајте, јас не вечерам.
Абер дојде од Битола
да се зберат сите млади,
аман, аман, сите млади,
да тргаат пуста лота,
кој ќе тргне црна книга,
аман, аман, црна книга,
ќе ми оди пуста војна
да се бие со Русија,
аман, аман, со Русија.
Пуста лота му паднала,
му паднала на ашикот,
аман, аман, на меракот.
Тој ќе оди пуста војна
да се бие со Русија,
аман, аман, со Русија.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год