Елена болна лежала,
од пуста болест неверна, —
од два хуршума теллии
во десно рамо удрена,
во Рожденсхите чаири.
— Елено моме убаво,
кога си болна лежала,
шчо не си мене хазала,
понада да ти донесам:
Негушка лута ракија,
солунско суво грозјенце,
битолска бела погача,
тихвешко вино црвено,
тетовски благи јаболка,
кичевски слатки ореи.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год