— Злато, ле Злато, море златно девојче,
излези надвор, надвор до порте,
ти гледај мене, a јас ќе тебе,
денес сум овде, утре ќе си одам,
утре ќе си одам на наш вилает,
во наш вилает многу е арно,
многу е арно, две сонца греат,
две сонца греат, две лета има. —
— Де гиди, гиди, лудо ле младо,
зашто не каза три дни понапред,
јас ќе си појдев во град Битола,
и ќе си купев сејменска коња,
сејменска коња, сејменско руо;
Злато, ле Злато, море златно девојче,
и јас ќе идев сејмен со тебе. —
He може да дојдеш сејмен со мене,
на пат ми седат лоши ајдуци,
тебе ќе љубат, мене ке губат.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год