Бог да бие Капидан Стево,
Капидан Стево Поподјанецо,
што ми испадна црни комита,
црни комита по Мариово,
по Мариово, Прилепска кааза,
Прилепска кааза, Битолско началство.
Бог да а бие негова мајка,
Стево си берел ж’ти влорини,
негова мајка, калеш Катерина,
неговата жена, куса Марија,
што му напиша една бела книга,
една бела книга црно напишана:
— Еј гиди синко, синко Стеване,
ка знаеш, синко, дома да си доеш,
дома да си доеш ваа година,
алаф да ти права моето бело млеко,
што сум те доила токму три години,
што сум те носила до девет месеци,
до девет месеци на моево срце,
ни су заиграла, ни су запеала,
дур’ да те исправа на јуначки ноѕе.
Ти ми имаш, синко, големи душмани,
големи душмани, сите п’чиштани!
— Де гиди бре мајко, калеш Катерино,
не ме чекајте ваа година,
јас сум си отишол село Бешиште,
та су и навртел Бешишките лозја,
таму а изнајду Доста Смилевска,
јас су и нарачал ќемер да ми праве,
ќемер да ми праве, ќемер малешевски,
со коприна ткаен, со платно прешиен,
и да и заврта сите чорбаџии,
да им и собера ж’тите флорине.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год