КИРАЈЏИВЧЕ ЈАБАНЏИВЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Кирајџивче, јабанџивче,
одиш, идаш на чужџина,
на чужџина, на јабана,
на јабана во Битола.
Ќе т’ опитам, да ми кажиш,
да ми кажиш вистината:
Ал’ го виде мојто момче,
мојто момче јабанџивче?
— Ај невесто црнооко,
црнооко, белолико,
делми мене ме опитвиш,
ќе ти кажам вистината,
ќе ти кажам, не те лажам:
Јас го видов твојто момче,
јас го видов и го познав,
ти пушчаше „здраво-живо”,
„здраво-живо”, аманети,
аманети двајсет лири:
Десет лири за момето,
за момето за гушето;
уште десет да се мажиш,
да се мажиш, да не го чекаш!

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год