КОЈ ТИ КУПИ КОЛАНЧЕТО – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Ајде, кој ти купи коланчето,
де мори де, коланчето?
— Ајде, ми го купи мојот вујко,
де мори де, мојот вујко,
ајде, мојот вујко, поп Никола,
де мори де, поп Никола,
ајде, поп Никола од Битола,
де мори де, од Битола.

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год