К’т ќе да идеш, бате Коле,
к’т ќе да идеш, Никола,
к’т ќе да идеш за на печалба,
за на печалба, за град Битола,
да ми донесеш од свила фустан,
јас да го носам, ти да ме гледаш,
дали ми прилега да станам невеста!
К’т ќе да идеш за на печалба,
за на печалба, за град Битола,
да ми донесеш убави кондури;
јас да ги носам, ти да ме гледаш,
дали ми прилега да станам невеста!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год