ЛЕНА И ТОДОР – Народни песни во кои се спомнува Битола

Барабанче бие в село Подмочани,

во горната маала, близу чешмата,

близу до чешмата кај Лена Крушароа.

На втората ми тропа Тодор Истаноски,

Тодор Истаноски од село Царевдвор.

Навечер си греит, на утро си одвит,

утре рано си одвит за да не го видат.

„Збогум, Лено, збогум да сториме сега!

Да одиме, Лено, во пуста Битола,

право да извадам, Америка д’ одам”.

Там’ ја нашол Лена, в меана кај седит,

в меана кај седит, друго либе љубит.

— На ти, Лено, сега стопедесет гроша!

Дома да се вратиш и твоето либе,

и твоето либе таму да го најдиш.

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год