Ленка пишит бела книга,
бела книга црно писмо,
да ја пратит во Битола,
во Битола на кир Спира:
— Ој ти Спиро, мило брате,
како знаиш да си дојдиш!
Ти е болно Маричето,
Маричето, душичето.
Спиро јавна брза коња,
и си дојде дури дома,
си го најде Маричето,
Маричето, душичето,
си го најде болно лежит,
болно лежит на постела,
се наведе, го целива,
то ведношка си оздрави.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год