МАРА БАИРКА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Бог да бие руса Мара Баирката

што си стана сутро рано во недела,

та си зеде дулец вода, личен леген,

от’ си зеде миски сапун;

ќе си мие бело лице

бели раце, бели ноѕе.

Се накачи на чардакот,

се пресегна на полица,

ми си зеде филдиш чешел,

да си чешлат уба коса,

да напраит туртурици,

да уплетит леса на коса,

да ја видат трговчиња,

да фаќаат зазабица.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год