Меѓународниот славјански институт (МСИ) е создаден во 1993 год. и има добиено лиценца со бр. 16-200 од 10.03.1995 год. и бр. 16-428 од 17.05.1998 год. од Државниот комитет за Високо образование на Руската Федерација.
МСИ ја спроведува својата образовна дејност врз основа на нормативни документи на Руската Федерација, соодветно со Конвенцијата за квалификации на Високото образование во Европскиот регион (No165) составена во Лисабон на 11.04.1997 год. и соодветно со основните принципи на Сорбонската декларација за високото образование на европскиот простор на 19.06.1999 год. во Болоња.
Студентите можат да се запишат на една од четирите насоки:
- економика
- менаџмент
- психологија и
- актерство
Право на запишување имаат кандидати со завршено четиригодишно (гимназиско или кој било вид средно стручно) образование. Право на запишување имаат и кандидати со завршено тригодишно средно образование, но со посебни услови регулирани во Статутот на Меѓународниот славјански институт (МСИ) г.Москва – Филијала Македонија.
Право на запишување имаат и студенти од други факултети, како и дипломирани лица. Студирањето трае 8 (осум) семестри заедно со дипломската работа.
На Факултетот работат истакнати 45 руски педагози како што се: Иванова Људмила Ивановна – народен артист на Русија, Некрасова Људмила Кимова – декан на Актерскиот факултет, Флоров Генадиј Александрович – народен артист, и многу други истакнати имиња.
Контакт:
Меѓународен славјански институт г.Москва-Филијала Македонија претставништво Битола
- Ул. Новачки пат бб, Битола
- тел. 047/ 238-077 факс: 047/ 238-077
- е-пошта: msibitola@yahoo.com
- Веб страница: www.slavinst.edu.mk