Ми се пофалило, море, горното лозје
в градина, мајко, в градина:
— Јас ќе ти родам, море, многу си грозје
в градина, мајко, в градина.
Ќе ти наполнам, море, сите дуќани
со вино ем со ракија,
ќе ти омажам, море, сите девојчина
битолски, та и прилепски.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год