МЛАД СТОЈАН МЛАДИ ТРГОВЕЦ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Млад Стојан, млади, леле, трговец,
девет години, леле, не дома,
девет години, леле, Битола;
на десеттата, леле, година,
на десеттата, леле, година,
млад Стојан, леле, дома си дојде.
Чука си, тропа, леле, на порте:
— Отвори, млада мори невесто,
јас сум ти твојот, мори, млад Стојан!
— Кога си мојот, леле, млад Стојан,
што нишан имаш, леле, во дворје?
— Дрво високо, леле, јаворово.
— Кога си мојот, леле, млад Стојан,
што нишан имаш, море, на раце?
— Нишанот ми е, мори, на раце,
малото првче, мори, скинато.
Тогаш си мажот, леле, познала,
та си го дома, леле, прибрала.

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год