— Мори моме, малој моме,
каде вода да залеам?
— Mope лудо, море младо,
таму долу под селото.
Таму има две дрвчиња,
две дрвчиња, евлојчиња;
дрвчињата процутеле,
процутеле, род немале,
ми родиле две јаболка,
две јаболка позлатени.
Појди лудо, откини ги,
однеси ги во Битола,
во Битола, кај куменџии,
да излејат два прстена:
еден тебе, други мене,
двајца да имаме исти,
раце да ни бидат лични.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год