НАУМ И СЕВДА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Што си стана Наум утро рано,

утро рано Наум во недела,

што ми појде Наум во аурче,

па си зеде Наум ал кобилче.

Ќе ми оди Наум во Битола,

во Битола Наум, Горни Баир.

Оде, оде Наум до полпати,

на пат најде Наум бела чешма,

на чешмата Наум стара баба.

Што му вели Наум на бабата:

— Ој ти бабо, мори стара бабо,

ќе те прашам, бабо, да ми кажеш:

Дал’ е жива, бабо, Калеш Севда,

Калеш Севда, бабо, баирчанка,

баирчанка, бабо, битолчанка?

Дил’ ме прашаш, синко, ќе ти кажам;

Re ти кажам, синко, не те лажам:

Жива ми е, синко, дома ми е.

Сношти Севда, синко, ја посвршив,

ја посвршив, синко, за Битола,

за Битола, синко, Баир Мало,

Баир Мало, синко, за Горгија.

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год