Собрале се, набрале се
седумдесет и сет мина,
и сет мина арамии:
први беше куси Петко,
куси Петко шатрум-патрум
на четири патерици;
и по него касапчето,
касапчето прилепчето,
два кодоша од Вароша,
чукнитапан мажоечки,
вртиколец сенокосец,
сушисливи од Долнени,
мавнивила од Могила,
поп Никола од Битола …
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год
ОДБОР ЈУНАЦИ – Народни песни во кои се спомнува Битола
Стара битолска чаршија
Реформите кои ја зафатиле Отоманската империја од 1789 до 1866 година, за Битола биле од посебна важност. Градот станал административен центар и во средината...