ОЗГОРА ГРЕДИТ ЕДНО ЛУДО МЛАДО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Озгора ми гредит едно лудо младо,

едно лудо младо, едно безирјанче,

да ми продават шарени вретена,

да му ги дават се на невести,

се на невести, и на девојки. —

Скопските моми, тие конопарки,

велешките моми, тие се лебарки,

тиквешките моми, тие се винарки,

прилепските мони , -тие тутунарки,

мариовски моми — турски посестрими,

битолски моми — дупнизелници,

ресенски моми, тие се брошчарки,

охрицки моми, тие босиљарки,

струшките моми, тие се рибарки,

дебарските моми, тие чаркарарки,

ељбасански моми, тие изварарки,

кавајските моми, тие се сољарки,

тиранските моми, тие се масларки,

шкодранските моми, тие се фодули!

Мариовски моми пак ми се мили,

пак ми се мили турски посестрими.

Как’ се фатија рака за рака,

рака за рака, глава до глава,

глава до глава, рамо до рамо,

рамо до рамо, боска до боска,

боска до боска, појас до појас,

појас до појас, нога до нога.

Како се фатија танци по танци,

танци по танци дур до Канатларци,

оро до оро, дур до Мариово.

Од оваа песна има 8 варијанти и речиси во сите нив битолските моми се наречени кромидарки.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год