ПРЕДАНИЕ ЗА ЕДЕН КАМЕН ВО БИТОЛА – Приказни и преданија од Битола

Home Приказни и преданија од Битола ПРЕДАНИЕ ЗА ЕДЕН КАМЕН ВО БИТОЛА - Приказни и преданија од Битола

Над г. Битола близу до Кривата воденица имат еден камен со илјадници оки голем. Секој битолчанец и битолчанка, кога ќе го видат со очи, се ќе си речат тоа што чуле од стари за тој. сиромав камен. Еве што велаат битолчани за тој камен.
Во старо време прикажуаат стари оти тој камен бил многу далеку, од кај што бил сега; арно ама по Божја заповед се си идел кај Битола поблизу, — не оти го видел некој кога да одел, ами местото се сеќаало. Кај што стојал пред многу годиње, сега не стојал, сетуку се приближуал и уверуани сет тукуречи мало-големо оти по Божји блаосов некој ден ќе си влезел во Битола или на житни пазар или на Атпазар, без да го види некој. Туку некоја утрина ќе му речел: — Добре ве најдов, стој по тур стој, еве сум кај сум!
Тешко и горко на тие што ќе се најделе во Битола: изгиниште ќе било за сите! А пак ако се погодело во тој ден и езерото од Пелистер да пробиет белите стени и да се испуштела водата, ете ти потоп за Битола! Арно ама тоа никој не знаел кога ќе било: еден Господ знаел — ја бидуа ја не бидуа.

Преземено од:ПРЕДАНИЈА, Книга седма
Автор: Марко К. Цепенков
Редактирал д-р КИРИЛ ПЕНУШЛИСКИ
Соработник БЛАЖЕ ПЕТРОВСКИ
Издавачи МАКЕДОНСКА КНИГА ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР
СКОПЈЕ -1980

Премиера на музичко-сценска драма “Надеж” – 11ти април, 2019 год

Камерна опера Битола Ве поканува да ја проследите музичко-сценската драма "Надеж" која премиерно ќе биде изведена на 11ти април, 2019 год. во 19:00 часот, во...
Zoo Garden Bitola

Зоолошка Градина

- Advertisment - Booking.com