ПРОШЕТАЛА ЈАНА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Прошетала Јана кон битољска страна,
кон битољска страна, кон прилепска земја,
да ми барат Јана едно лудо младо,
едно јабанџијче, едно баш терзијче.
Да је кројит Јане од тутенка кафтан,
да је кладит Јане бел трандафил астар,
да је кладит Јане карафиљ капаци,
карафиљ капаци, замбаци шерити,
зимбили илици, черешни петлици,
аргафан синџефи, пешои — шебои.

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год