Пуста нека е, девојче бело, туѓа туѓина,
изгору голем, туѓа туѓина!
Јас си заминав, девојче бело, туѓа туѓина,
изгору голем, туѓа туѓина;
тебе оставив, девојче бело, града Битола,
изгору голем, града Битола.
Нели ти реков, девојче бело, да се чекаме,
изгору голем, до три години?
Ти не чекаше, девојче бело, ни три недели,
изгору голем, ни три недели.
Писмо ми дојде, девојче бело, си се свршила,
изгору голем, во мојто село,
во мојто село, девојче бело, за мој побратим,
изгору голем, ти ме изгоре!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год