Ристо прави новото дуќанче,
ми го прави насред град Битола,
оздола идат Турци Анадолци,
право тргаат Ристово дуќанче:
— Добро утро, Ристо меанџивче!
— Дал бог добро, Турци Анадолци!
Ја седнете на мека постела,
да ви сварам п’ едно црно кафе!
— He сме дошле кафе да пиеме,
тук’ сме дошле глава да ти земиме!
— Варај, Турци Анадолци,
дајте изим дома да си одам,
да си видам мојто машко дете.
С излагаа Турци Анадолци,
с’ излагаа, дома го пуштија.
He си ојде дете да си види,
тук’ си ојде пушка да си земе.
Што си зеде таа куса пушка,
та истепа Турци Анадолци.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год