Дојде време, дојде коа
да развие трендафило,
трендафиЛо, калемфиро
и ранио бел босилек.
Размириса сета земја,
сета земја Румелија:
Од Битолско до Прилепско,
од Прилепско до Велешко,
од Велешко до Солунско.
Се разбуди и народо
од сон тежок, од сон темен.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год