СКЕНДЕР-БЕГ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Попленил ми Скендер-бег
Јовче Поле Битолско,
ми попленил Скендер-бег
едно мало девојче,
девојче и Латинче.
Та го фати за рака,
та ја фрли на коња.
Кога бегот бегаше,
тиок ветер вееше;
Момето ми плачеше,
ситна роса росеше;
Момето се насмеа,
јасно сонце угреа.
Латински му зборвеше:
— Mope бегу, Скендер-бег,
немој да ме поплениш,
от’ си имам три браќа,
татко и мајка ме даваат,
брат Никола не дава;
Ќe ме дадет Алај-бег,
Алај-бегу за сина;
Ќе напраит “ќуприја
со два драги камења,
со дробнего бисера.
за малего Мевмеда.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год