СМРТТА HA ЃОРЃИ СУГАРЕВ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Заплакало е Мариово
за тој ми Горѓи Сугарев:
„Каде си, Горѓи, да дојдиш,
каде си страшен војводо,
од Грци да не куртулиш
— Грци станале шпиони!”
Викна ми Горѓи, подвикна
од Демирхисар планини:
„Слушам ве, браќа, слушам ве,
слушам ви гласот жалостен!
Еве сум, браќа, кај идам
со триесет одбор момчиња,
момчиња саде избрани
од цела кааза Битолска!”
Пристигна Горѓи Сугарев
со триесет одбор момчиња
— сите со пушки манлихер
и сос наган леворвери.
Проклет бил шпион Лигушот
— тој ја предаде четата.
Кога ми стигна Сугарев,
во Параловски ливади,
згрмија турски залпови
од Параловски чукари.
Извика Ѓорѓи Сугарев:
„Дружино верна, зговорна,
гуните пусија свиткајте,
зашчо се камен не најдува!”
Уште ми речта не рече,
згрмија нови залпови,
Горѓија ми го удрија
и многу добри момчиња!
Глас ми се слушна жалостен:
„Жалајте, мајки, плачете,
денеска Ѓорѓи умират
со сите одбор момчиња
во Параловски долини.”
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год