СТЕФАНЧЕ И ЕВРЕЈЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Прошетало ми Стефанче низ битолските маали,

сретило моме Еврејче, на порта седеше;

русо си косе чешлаше со фиљдиш чешељ,

од коса с’нце грееше, лицето му се смееше,

грлото му белееше, устето бисер ронеше.

Та шчо му зборвит Стефанче на Еврејчето:

— Нешчо ќе речам, Еврејче, да ме почујаш,

да ме почујаш, Еврејче, да се покрстиш,

за ние двајца, Еврејче, да се земиме!

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год