Што ми беше, леле, Стојче Лета
и другар му Томе Никле,
другар му, леле, Томе Никле,
Томе Никле од Ќрушово.
Збор сторија, леле, обајцата
да ми одат, леле, во Битола,
да ми одат во Битола,
да ми купат до две крави,
да ми купат, леле, до две крави,
до две крави од Ат-пазар.
Ми отишле, леле, во Битола,
ми купиле до две крави.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год