ТАМО ДОЛУ БИТОЛА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Таму долу Битола

кајшто Драгор тече,

мајка тажи и плаче

од утро до вечер:

— Дигни ми се, пиленце,

мое чедо мило,

дарови те чекаат

и прво венчило!

— Ти ме, мајко, омажи,

мене не ме праша,

ете ти го, сакај го

него место мене!

Јас не сум го сакала,

па сум се убила,

ништо, мајко, на светот

не бива со сила.

Ти ме, мајко, омажи,

мене не ме праша,

ете ти го сега

него место мене.

Мајка зеде ноженце,

во срце го забоде,

Пелистер се расплака,

дробни солзи пролеа.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год