ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

Tehnicki Fakultet Bitola

Почетоците на развојот на Техничкиот факултет во Битола, датираат од далечната 1961 година кога е формирана Вишата Техничка школа со два отсеци во нејзиниот состав: машински и електротехнички.

Во 1972 година отпочнува со работа и третиот, во тоа време, а и денес единствениот во Република Македонија, отсек за сообраќај и транспорт. Континуитетот на техничките високошколски студии во Битола продолжува преку Техничкиот факултет формиран во 1977 година, користејќи ги постоечките простории и кадровски можности на тогашната Виша Техничка школа.

Денес наставниот потенцијал на Техничкиот Факултет е на завидно ниво, 19 редовни професори, 17 вонредни, 7 доценти и 18 асистенти и помлади асистенти и голем број на услужно ангажирани професори и соработници од земјата и странство. Објектите и просторните можности се задоволителни: 30 училници за користење на видео презентации, еден амфитеатар и свечена сала, библиотека, со што се обезбедени услови за реализација на настава во две смени.

Факултетот располага и со следните лабаратории: за термотехника; за физика; за испитување на машински материјали и конструкции; за мотори со внатрешно согорување и моторни возила; за електротехника; за електрични машини; сметачки центар со 3 училници, како и училница со најсовремена мултимедијална и интернет опрема.

Контакт:

  • Технички факултет – Битола
  • ул. Македонска фаланга б.б. п.фах. 99 7000 Битола,
  • тел: 047-207 702; 207 360
  • факс: 047-203 370
  • е-пошта: tfb@uklo.edu.mk
  • Веб страна: www.tfb.uklo.edu.mk