ТИНКА И ЈОНЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Тинка иде од Битола,

Јонче иде од работа.

Mope бре, море Јонче!

Леле бре, леле Тинке!

Ајде, Тинке, ела либе ле,

да те земам за невеста!

Се сретиле меѓу Ресен,

меѓу Ресен и Јанкоец.

Mope бре, море Јонче!

Леле бре, леле Тинке!

Меѓу Ресен и Јанкоец.

Ајде, Тинке, ела либе ле,

да те земам за невеста!

Тинка му вели на Јончета:

— Запри го, Јонче, твојто коњче!

Mope бре, море Јонче!

Леле бре, леле Тинке!

Запри го, Јонче, твојто коњче!

Ајде, Тинке, ела либе ле,

да те земам за невеста!

Ајде, Тинке, ајде душо,

со една рака ке го терам,

со другата ќе те гушкам.

Ајде бре, ајде Тинке,

да те земам за невеста!

— Сакам, Јонче, сакам, душо,

да ти бидам јас невеста!

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год