ТРИ МОМЧИЊА И АРАМИИ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Кинисале три момчина,
три момчина кожанчина
да ми одат град Битола.
Кондисале добро село,
добро село Екши-Суи.
Ми станале мошне рано,
мошне рано у недела,
та излегле арамии,
ми отишле до пол пата,
арамии, ќесеџии;
Навалиле силен оган,
наостриле танок ражен,
та кладоа три момчина,
три момчина н’ еден ражен.
Пошло абер дури дома,
дури дома на мајките,
на мајки и на таткови;
Та ми дошле дури тамо,
та ми нашле арамии:
„Оти така, арамии,
арамии, ќесеџии,
зашч’ сторите тоа чудо?”
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год