Излегов да се прошетам, леле,
низ битолските сокаци, леле,
низ тие тесни чикмаци, леле.
Там’ најдов моме убаво, леле,
руса си коса чешлаше, леле,
луто си мајка колнеше, леле:
— Пукнала, мајко, треснала, леле,
зошто ме роди убава, леле?
He можам, мајко, да минам, леле,
низ таа пуста чаршија, леле,
од тие пусти беќари, леле,
на мермер плоча седеја, леле,
лута ракија пиеја, леле,
ништо си мезе немаа, леле,
мене ме мезе сакаа, леле.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год