УЗНАЛ Е СТОЈАН ОВЧАРО – Народни песни во кои се спомнува Битола

HomeБитола низ песнитеУЗНАЛ Е СТОЈАН ОВЧАРО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Узнал е Стојан овчаро

за едно моме битолско,

многу ми било убаво,

срцето му го раздрало.

Ошол ми Стојан Битола,

момето тој да го види

за една барем недела

срцето да си умири.

Ко виде Стојан Битола,

Битола града чуена

морници ми го фатија,

за малу што не заскита,

момето тој заборави.

На мајка му се пожали

за тоа моме битолско,

за таа града Битола,

Битола града голема.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

- Advertisment -

Битола – фото галерија

0

Bitola Photo gallery - Constantly updated with new photos so don’t forget to visit us again. Just scroll down to the bottom to see the new photos.