— Учи ме, мамо, карај ме,
как’ да ја земам Билјана:
Билјана мома убава,
Билјана цвеќе в градина!
Билјана цвеќе в градина!
Учам те, синко карам те
как’ да ја земеш Билјана:
Појди си града Битола,
купи си ѕевгар биволи,
изорај бавча сред село,
посади секакво цвеќе!
Сите чупина ќе дојдат,
белки Билјана ќе дојде.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год