Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) – е најнова единица на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, формирана во 2014 година, врз основа на Закон за основање Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (Сл. весник бр. 187/30.12.2013).
Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола во себе ги инкорпорира студиските програми од научните полиња на информатика и компјутерска техника и информатика на Техничкиот факултет и на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, којшто со основањето на Факултетот за информатички и комуникациски технологии престана да функционира.
Контакт:
- Факултет за информатички и комуникациски технологии
- Партизанска б.б.Битола
- www.fikt.uklo.edu.mk
- Тел: +389 47 259-921 / +389 47 259-917
- Fax: +389 47 259-917
- e-mail: contact@fikt.edu.mk