ФОДУЛ ЛАЗО – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Ој ти Лазо, фодул Лазо,
ти решаваш судбината,
судбината на Македонците,
Македонците, началниците,
началниците, комитите.
— Ој ти мајко, стара мајко,
ја излези Чифте Фурни,
та разгледај горе, долу,
да не има од комитите,
комитите, началниците!
Ми излегла стара мајка,
ми излегла Чифте Фурни,
та разгледа горе, долу
— не имаше од комитите,
само еден од ујарма.
Ми излезе фодул Лазо,
ми излезе Чифте Фурни
и ми влезе во фурната,
да си купи два симида;
Пред него стои од ујарма
и на Лазо вели говори:
— Ој ти Лазо, фодул Лазо,
ти решаваш судбината,
судбината на Македонците,
Македонците, началниците.
Јаска не сум од ујарма,
јаска сум си Димко Могилче.
Ја извади леворверот,
ние двајца да се обидеме!
Ми извади фодул Лазо,
ми извади леворверот.
Тогаш Димко распалува,
распалува со два рафали.
И си уби фодул Лазо,
си го уби во Чифте Фурни.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год