ЧЕШМАТА КАЈГАЗ, ВОДА ЛЕКОВИТА – Приказни и преданија од Битола

Во град Битола во Арнаут-маало имат една чешма што се вика Кајгаз. Таа чешма ет именуана на светците: Кузман и Дамјан (свети бестребреници, по битолцки (ајии анарјири). Во тој ден одат попои и крштаваат вода. На таа вода, наречена Кајгаазтос, одат селаните болни и неболни да се мијат за да оздрават. Целио ден одаат и се мијат болни; едни одат, друзи идат, санки како на манастир да одат, таков калабалак ет тамо дента. И тамо оставаат нишани од алиштата и пари фрлаат во водата.

Преземено од:ПРЕДАНИЈА, Книга седма
Автор: Марко К. Цепенков
Редактирал д-р КИРИЛ ПЕНУШЛИСКИ
Соработник БЛАЖЕ ПЕТРОВСКИ
Издавачи МАКЕДОНСКА КНИГА ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР
СКОПЈЕ -1980