ЧОРБАЏИСКА ЌЕРКА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Сношти си минав, мајко, поминав

крај таа града, мајко, Битола;

Таму си, мила мајко, јас видов

либето, мајко, со друг стоеше

мене ишарет, мајко, даваше.

Срце ми тргнало, мајко, по неа,

Марето да го, мајко, јас земам,

Марето, мајко, на чорбаџии.

Оди ја, мила мајко, посакај,

дал’ ќе ти го дадат, мајко, за мене,

за мене Горѓи, мајко, сиромав.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год