Чудо стана, чудо стана по света,
младинци да се женат!
Тра-ла-ла, тра-ла-ла
сама си го барала.
Први беше, први беше врвеше
битолски шкембарџија.
Тра-ла-ла, тра-ла-ла
сама си го барала.
Втори беше, втори беше врвеше
прилепски мајтапчија.
Тра-ла-ла, тра-ла-ла
сама си го барала.
Трети беше, трети беше врвеше
велешки стомнаџија.
Тра-ла-ла, тра-ла-ла
сама си го барала.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год