ЈАНА – Народни песни во кои се спомнува Битола

К’д е Јана побегнала,
цел е Битољ расплакала;
к’д се Јана повратила,
цел е Битољ насмејала.
— Ој ергени битолчани,
отварајте, море ви дуќани,
да си купам, море, драм белило,
драм белило, два црвило
да набелам лице мое!

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год