„Излези, Гурѓо, надвор во дворо,
па распули се горе в балконо,
да ‘и видиш, Ѓурѓо, комитите,
како се редат на три реда
по сто души, Гурѓо, триста души,
а со ними и девет војводи!
Право слегваа в село Могила
та таму гура да ми тргаа.
Гура тргаа, клетви земаа —
кој ќе ми оди во село Прибилци…
Гура му падна н’ Ордан Пиперка —
тој да ми оди в село Прибилци,
в село Прибилци, кај тој мудуро,
за да му земи до триста лири,
до триста лири се жолти пари,
да ‘и наружа сите четници.
Го сардисаа село Прибилци
и го фатија мудуро таму,
па му зедоа до триста лири,
до триста лири и тевтерите;
му исправија сите бајраци,
сите бајраци и крстовите;
ја расфрлија сета вергија
и ми собраа спаилоците.
Ми заседнале до десет дена …
Абер ми дојде дури Битола,
достигнала е турскана војска
и се завати голема борба.
Штом ми испадна турската војска,
го оставиле село Прибилци.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год
ЈОРДАН ПИПЕРКАТА ВО СЕЛО ПРИБИЛЦИ – Народни песни во кои се спомнува Битола
Св. Ана – манастир во близина на село Маловишта
Манастирот Св. Ана се наоѓа на околу половина час пешачење југозападно од село Маловиште, на 1400 м.н.в во густата букова шума на Националниот парк Пелистер.